Поранешниот француски претседател Никола Саркози е осуден денеска на три години затвор поради поткуп и вршење недозволено влијание. Од тоа, две години се условна казна.
Одлуката ја донесе парискиот Кривичен суд. 66 годишниот Саркози, најверојатно казната нема да ја помине во затвор, туку ќе може да ја одлежи дома, под електронски надзор.
Денеска е осуден и неговиот, Тјери Херцoг, како и обвинителот Гилберт Азиберт. Дvајцата добија иста казна како и Саркози – три години затвор, од кои две години условна казна.
Саркози е обвинет дека со помош на својот правен советник во 2014 година, се обидел да дозае детали од истрагата за неговата претседателска кампања, а за возврат, нудел помош за стекнување функции во Монако.
Истрагата за финансирање на кампањата е покрената против Саркози поради наводите дека во 2007 година, за време на претседателската кампања прифатил нелегални исплати од наследниkot на компанијата Loreal, Лиријал Бетнакур.
За аферата се дозна на основа на прислушкувањето на Саркози и неговиот адвокат Херцoг, откако ја напуштил Елисејската палата. За да му дојде на трага на Саркози, правосудството во Франција дало налог за прислушување на телефонските разговори помеѓу нив двајцата.
Тој беше вмешан и во друга голема афера и беше обвинет дека неговата кампања била финансирана од Либија. Саркози кои беше на чело на Франција од 2007 до 2012 година, за време на судењето ги негираше сите обвинувања.
Тој негираше дека лошо работел и тврдеше дека е жртва на лов на вештерки од страна на финансиското обвинителство, пренесува „Ројтерс“. Како што наведува агенцијата, тој има рок од 10 дена да поднесе жалба на пресудата.
Саркози кој по завршувањето на мандатот, политички се пензионирал, се уште е влијателен меѓу конзервативците и тој е вториот француски претседател во модерната историја, по Жак Ширак, кој е осуден за корупција.
Извор/Курир.рс