Нино ќе пропатува три континенти со „југо“

Нинослав Нино Трајковиќ (24) од Србија минатата година со својот другар Џорџе Илчешин (24) патувале со своето „југо“ до Монголија и назад. Овој пат Нино сам ќе тргне на уште една авантура.

Тој со „југото“ старо 29 години ќе тргне на пат до Кејптун во Јужноафриканската Република.

Планот е да направи уште една незаборавна авантура. Ќе тргне на 20 април, како и минатата година. На овој датум секоја година тој одбележува некое хуманитарно патување, а целта овој пат е да собере пари за неговата другарка која е во инвалидска количка.

Нино и Џорџе се членови на тимот Yes, we Khan, Genghis Khan, но овој пат нема да патуваат заедно.

„Џорџе е мој партнер во патувањето, а не животен партнер. Тој минатата година дојде со мене до Монголија и назад, но сега моментално работи, па не може да дојде со мене“, вели Нино.

Европа, Азија и Африка до крајната дестинација. Патот ќе трае околу 50 дена, а точното патување допрва треба да се изработи.

„Одам на пат што воопшто не е безбеден. Се трудевме и двајцата безбедноста да биде на високо ниво, да ми се осигура основната безбедност, која ќе овозможи да се вратам назад жив, а не само до Кејптун. Се надевам дека ‘југото’ ќе истуркам до крајот,затоа што јас сигурно ќе поминам“, вели Нино.

Тој вели дека планот е да се искачат на врвот на Африка, Килиманџаро. Минатата година собирале пари за Центарот за напуштени животни, а овој пат за да ѝ помогнат на својата другарка.

„Собираме пари за нашата другарка која има тумор на ‘рбетот и од 2013 година е во количка. Имала неколку операции. Еднаш месечно оди на зрачење, но, за жал, и понатаму е во количка. Таа секој ден издвојува по 4 часа за физички вежби, а тоа се големи напори и вежби кои чинат пари. Џорџе и јас сме студенти, и двајцата имаме неколку испита до крајот, а таа е постара од нас година дена и дипломирала во Нови Сад. Тоа нас нè воодушеви и со тоа нè освои. Таа е голем борец и овој пат поради неа ја правиме оваа авантура“, истакна Нино.

 

Тој вели дека има и многу скептични луѓе, кои не веруваат дека ќе ја постигне зацртаната цел.

„Како да преживувам дежа ву. И минатата година ни велеа дека нема шанси да стигнеме до Монголија, а кога се вративме дека знаеле дека ќе успеeмe. Истo е и овој пат. Има многу скептици, особено што овој пат одам сам. Сите велат дека две глави се подобри од една, но голем е предизвикот и се надевам дека сум дораснат на истиот“, искрено вели Нино.

Нино на 20 април ќе тргне од Србија преку Македонија до Грција, каде што „југото“ со траект ќе го префрли до Израел, додека тој ќе патува со авион.

„Во Израел ќе ме дочека другарот Ади кого го запознавме на пат до Монголија и назад. Тој е една прекрасна личност која сака да патува и секоја година има слични авантури. Овој пат го одложил своето патување поради нас за да нè дочека. Заедно ќе одиме по ‘југото’, па ќе ме прошета низ Ерусалим и Назарет“, открива Нино.

По обиколувањето на Израел, двајцата ќе патуваат во Египет, каде што, според неговите зборови, почнува вистинска авантура низ Африка.

„Понатаму одиме низ Судан, Кенија, Танзанија, Замбија. Во овие земји имаме многу пријатели кои ќе ни помогнат ако има потреба. Во Замбија постои тајмер клуб, каде што ќе нè пречекаат со ‘буба’ од 80-тiте. Ни предложија да бидеме нивни гости и да нè испратат од граница до граница. По тоа одиме за Кејптаун“, вели Нинослав.

На прашањето дали се плаши, Нино одговори дека стравот постои.

„Имавме страв кога патувавме заедно минатата година. Водени од претходното искуство, многу работевме на ова патување за сè да се мине како што треба. Самиот пат е полн со изненадувања, а ако барем нешто можеме да се подготвиме, тоа многу ќе ни значи“, вели Нино.

Минатата година Нино и Џорџе имале 30 официјални спонзори, а овој пат очекуваат приближен број, но и некои дополнителни донации.

 

 

 

 

 

Scroll to Top