Групата „Нокаут“ на 7 септември ќе одржи концерт на Хераклеа во Битола. Специјални гости на вечерта ќе бидат Игор Џамбазов и рок-легендата Венко Серафимов.
Организатор на концертот е продуцентската куќа „Сцена“. Од таму велат дека ќе бидат запазени сите мерки на претпазливост. Билети се пуштени во претпродажба и можат да се набават на www.mktickets.mk