Норвшкиот научник, кој ја утврди врската меѓу вакцината на „Астра зенека“ и смртните случаи од тромбоза, криел дека зел пари од „Фајзер“

Норвешкиот хематолог Пал Андре Холме примил над еден милион круни од „Фајзер“ и „Баер“, објави норвешкиот весник ВГ. Според пишувањата, тој и уште неколку негови колеги се автори на научната студија во која е утврдено дека смртните случаи од згрутчување на крвта кај тројца здравствени работници во Норвешка е поради вакцината на „Астра зенека“.

Пал Андре Холме, кој е е шеф на Одделот за крвни болести при Универзитетската болница во Осло, беше главен предводник за клиничкиот дел од студијата. Ама тоа што не е споменато во студијата е дека тој примил 265.438 круни од фармацевтската компанија „Фајзер“ од 2015 до 2019 година, како и 663.659 круни од „Баер“. Плус неговата компанија „Хемаконсулт“ добила 262.450 и 57.697 круни од „Фајзер“ и „Баер“ во 2019 година. Тоа е околу 125 илјади евра, пишува ВГ.

Холме за норвешкиот весник изјавил дека парите биле за предавања на меѓународни и домашни конгреси, обуки и патни трошоци.

Научниците што објавуваат студии во реномирани магазини, како Медицинскиот журнал на Њу Ингланд (НЕЈМ), каде што тој и колегите ја објавија студијата за несаканите ефекти на вакцината на „Астра зенека“, мора да следат одредени етички препораки. Една од нив е да ги наведат сите партнери што ги имале, а кои може да бидат релевантни за студијата, и сите финансиски примања што ги имале, а што може да остават впечаток за конфликт на интерес. Но, тој навел дека немал такви врски.

Според ВГ, тој штиклирал „не“ на прашањето дали примил пари од релевантни компании во последните 36 месеци исто како и на прашањето дали има некакви врски што би можеле да предизвикаат сомнеж за конфликт на интереси.

Кога го прашале, Холме изјавил дека не гледа никаков етички проблем со фактот што зел пари од конкуренцијата на „Астра зенека“ со објаснување дека тие пари не биле за истражување на вакцини.

Scroll to Top