Нова автобуска линија од Индија до Лондон, патување низ 18 држави за 70 дена

Автобуска линија од следната година ќе ги поврзе Индија и Лондон. Ќе се поминува дистанца од 20.000 километри, а патувањето ќе трае над 70 дена и ќе опфати 18 држави. Вака патниците ќе имаат можност да разгледуваат многу градови попат.

„Најдолгото патување со автобус на светот“  ќе биде вистинска авантура, ќе биде комотно, а  седиштата ќе имаат доволно простор за нозете, ќе има безжичен интернет, полначи, приватни шкафчиња и индивидуални системи за забава.

Појдовната точка ќе биде Њу Делхи, па преку Мјанмар, Тајланд и Лаос ќе се стигне во Кина, каде што патниците ќе се сретнат со големите панди, ќе прошетаат по Кинескиот ѕид и ќе ја истражуваат пустината Гоби. Патувањето потоа делумно ќе го следи древниот Пат на свилата, па преку Киргистан, Узбекистан и Казахстан ќе се влезе во Русија. Потоа ќе се продолжи преку неколку европски главни градови, како Вилнус, Варшава, Прага и Брисел, пред да се стигне на крајната дестинација Лондон.

Првите автобуси се планирани за мај 2021. Билетите  за целото патување, ќе чини 15.300 фунти.

Scroll to Top