Новата серија на HBO ѝ ги врати сеќавањата на Скарлет за ужасите во Чернобил

Украинката Канина Скалерт вели дека новата серија на филмската продукција HBO за нуклеарната несреќа во Чернобил ѝ ги вратила сеќавањата за најголемата нуклеарна експлозија што се случи минатиот век.

„Беше тешко и болно да се гледа. Кога видов како во серијата некои луѓе не ја сфатиле сериозноста на ситуацијата, дури ни кога гледале како луѓето умираат од радијација, ме потсети на хорорите низ кој минаа многу наши луѓе“, раскажува Скарлет.

Скарлет открива дека владата во тие моменти ја криела вистината за присуството на радијација во воздухот по  експлозијата во нуклеарната централа во Чернобил две недели. Таа открива дека дури откако другите земји во светот ја објавиле вистината за нуклеарната несреќа, руската влада им ја објаснила  ситуацијата на граѓаните.

Властите им препорачала третмани со јод, со цел да ги намалат повредите од последиците од радијацијата. Украинката имала само три години кога се случил Чернобил, но вели дека до ден денес се сеќава на страшните моменти кои ѝ оставиле лузна во  животот.

Нејзиниот дом бил оддалечен на помалку од 300 километри од централата. Скарлет вели дека тамошните жители претрпеле огромни здравствени последици од несреќата.

„Не се сеќавам добро на самиот настан, но знам дека сите околу мене беа збунети по експлозијата. Кога конечно дознавме што се случило, збунетоста се претвори во загриженост“, вели Скарлет.

„Дури две недели подоцна моето семејство дозна што навистина се случи во градот“, открива Скарлет.

„Дури кога другите држави открија што навистина се случило, владата нè извести за ситуацијата и ни препорача третмани со јод за да се намалат шансите за потенцијалните здравствени компликации поради радијацијата. До тој момент, сите тие недели бевме изложени на радијација. Излеговме на отворено, јадевме овошје и пиевме вода од кои се отрувме. Шест месеци подоцна луѓето почнаа да се разболуваат, а јас бев меѓу првите од нив“, се присетува Скалерт.

Последиците на радијацијата ги има и денес. Имуниот систем им е толку оштетен што поради најмала настинка луѓето мораат да отидат во болница. Освен тоа, имале напади, мигрена и крвавења од носот.

Семејството на Скарлет по несреќата успеало да добие азил во Америка, па Скарлет се преселила во Њујорк, но како што вели, ниту таму не ѝ бил лесен животот. Врсниците ја исмевале и ја навредувале дека е радиоактивна. Филмот „Икс-мен“, кој обработува тема за мутантите, Скарлет вели дека ѝ го променил животот.

„Имав 16 години кога го гледав филмот. Се чувствував како да се гледам себеси. Посакав да им се придружам. Тоа беше за првпат да сфатам дека не сум жртва, туку борец. По тоа, се запишав на психологија, а денес работам како психолог специјалист и ги користам суперхероите за да им помогнам на луѓето со трауми“, вели Скалерт.

 

Scroll to Top