Новиот iPhone ќе има компонента која ја нема ниту еден друг телефон во светот

Се очекува дека Аpple оваа година ќе претстави дури 4 нови iPhone телефони.

Бројните извештаи тврдат дека на пазарот ќе најдат 3 наследници на моделот iPhone X. Станува збор за два уреди со OLED, еден со ЛЦД панел, како и долгоочекуваната втора генерација на iPhone SE.

Сите три би требало да понудат идентични перформанси и со самото тоа се очекуваат идентични спецификации. Сепак, сите ќе поседуваат една клучна работа.

Во прашање е A12 чипот.

Ова е прв 7nm чип кој ќе биде употребен во смартфон, а би требало да биде побрз и значително енергетски поефикасен од A11 Бионик чипот внатре во IPhone 8 и iPhone X.

Овој чип на хартија е најбрзиот на светот и ниту еден друг не му е ни блиска конкуренција. Од друга страна во тестовите и реалниот живот, најголемиот ривал му е Snapdragon 845.

Се очекува Samsung i Qualcomm исто така во некој момент да ги претстават 7nm чиповите, за да не заостанат во трката со смартфони.

 

 

Scroll to Top