Обединетите Арапски Емирати првпат испраќаат жена-астронаут во вселената

Обединетите Арапски Емирати првпат во својата историја испраќаат жена на обука за астронаут во НАСА за идните истражувачки мисии во вселената, напиша на Твитер премиерот и потпретседател на ОАЕ, шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум.

Нура ал-Матруши е првата жена избрана за астронаут, заедно со Мохамед ал-Мула меѓу група од над од 4.000 потенцијални кандидати. Таа на социјалните мрежи ја изрази својата благодарност и возбуда што е избрана.

– Настојувам да работам напорно за да ги забележам овие историски моменти и достигнувања засекогаш во меморијата на нашиот народ, напиша Ал-Матруши.

Scroll to Top