Аутопсијата на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, потврди дека 31-годишниот фудбалер починал од срцев удар. И покрај шпекулациите дека можеби не умрел од природна смрт, резултатите од обдукцијата на Астори покажала дека нема „посебни причини“ за „неочекуваната и ненадејна смрт“. Според аутопсијата, „срцето на дефанзивецот полека забавувало пред конечно да сопре“.
Погребот на Астори ќе се одржи утре, а комеморацијата ќе се одржи во базиликата „Мариа ди Санта Кроче“ во Фиренца.
Фото: ЕПА