Инфлуенсер кој тврдеше дека вирусот не постои почина од корона

Украинскиот фитнес-инфлуенсер Дмитриј Стужук почина од компликации од корона, само неколку недели откако на своите следбеници им порача дека Ковид-19 е лага. 33-годишниот Дмитриј, кој на Инстаграм имаше преку 1 милион следбеници, се заразил во Турција. Од таму бил префрлен во болница во Украина.

Последната фотографија а објавил од болница пред 5 дена. Истиот ден бил пуштен дома, ама бидејќи болеста му го ослабнала ритамот на срцето,  повторно итно бил вратен назад и во болницата починал.

Неговата поранешна сопруга Софија преку „Инстаграм“ ја сподели веста за неговата смрт.

„Дима веќе не е со нас. Неговото срце не можеше да издржи. Тој долго време беше во бессознание, лекарите се бореа за неговиот живот“, рекла таа.

 

Scroll to Top