Од мал град до пистите во Њујорк

27 годишната Лајс Рибеиро денес е позната како еден од ангелите на “Викторија Сикрет”, но пред помалку од една деценија сигурно не размислувала дека ќе биде толку многу позната. Од мал град во Бразил до модните писти во Њујорк, Лајс е една од најомилените манекенки во модната иднустрија.

Пред да ја започне својата кариера вели дека познавала само неколку зборови на англиски и дека немала чуено за брендот “Викторија Сикрет”.

На само 18 години го роди синот Александар, а една година подоцна, по иницијатива на нејзина пријателка се пробала во светот на манекенството.

Многу брзо започнала да се пробива помеѓу модниот свет, ги искуси светските модни писти, а потоа ја сними и првата реклама за “Викторија Сикрет”.

Scroll to Top