Од паркинг пукал во возило во движење

Непознато лице вчера пукало кон возило киа Спортаж со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.П, кое се движело по булеварот „Октомвриска револуција” во Скопје. Лицето пукало кон автомобилот од паркинг на хотел. Како што информира МВР, случајот во полициската станица Карпош синоќа во 22 часот го пријавил Д.П.

Д.П. не бил повреден, но причинета е материјална штета на неговото возило.

 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Scroll to Top