Посетителите во местото Бар, во Србија, набргу ќе може да уживаат и во обиколницата на четири пештери: Бабатуше, Гробчица и Спила во селото Трново во Црница, како и Спила на Скала, каде што се наоѓа и пештерата во Вела Гора во Мркојевиќи.
Елаборатот на туристичките валоризации е подготвен благодарение на спелеолошките истражувања, кои локалната туристичка организација ги спровела со тим предводен од професор доктор Предраг Ѓуровиќ од Геолошкиот факултет при универзитетот во Белград.
„Самиот тој амбиент со пештерски накит е многу специфичен и редок“, изјавил Ѓуровиќ и укажал дека посетата на тие пештери на туристите ќе биде едно единствено и незаборавно искуство.
Пештерата во Трново се наоѓа на западните падини на границата на општините Цетиње и Бар и за нив елаборатот предвидува обиколка на терените, авантуристички спелеотуризам и традиционални туристички посети.
„За средната пештера Бабатуше, која исто така е многу интересна, карактеристично е исклучителната долга и широка сала полна со глина. Изградбата на камено-бетонската патека е долга 135 метри, а на посетителите им овозможува движење низ високиот периметар како би го почувствувале авантуристичкиот дух и исконската природа на подземниот свет.
Предвидено е во пештерите, освен патеки, да се изгради и подземен видиковец, како и на туристите да им се овозможат осветлени патеки, нешто што е пракса во Ледената пештера во Австрија. Со гондола може да се види длабочината на пештерата, а тоа се доживувања што ретко кој човек има можност да ги доживее“, вели Ѓуровиќ.