Коронавирусот ја прекина 18-годишната традиција на новогодишно китење елка во водите на Охридското Езеро. Клубот за подводни активности – Охрид и нуркачкиот клуб „Амфора” со малку сменета агенда посакаа среќна Нова 2021 година.
Поделени во групи од по тројца-четворица нуркачи, слично на протоколите за дистанца, тие нуркаа на три различни локации кај Заливот на коските, кај Трпејца и кај изворите на Црн Дрим кај Свети Наум и на тој начин на сите граѓани им ја честитаа Новата година.
Честитката ја упатија посебно и на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и лесно надминување на потешкотиите.