Омиленото „хипи“ возило се враќа повторно на пазарот – Ќе занемете од неговиот модерен изглед

Минибусот беше омилено возило на хипи генерациите и фановите на старите класици, кои со години чекаа да ова возило повторно се појави на пазарот.

Фолксваген веќе некое време си поигрува со идејата да повторно произведува „минибус“, но се чини дека таа идеја би можела наскоро да се оствари. Директорот Херберт Диес потврди дека компанијата ќе започне со производство на „минибус“.

„Емотивните автомобили се многу важни за брендот. Ние и понатаму ќе ги произведуваме „бубите“, особено на американскиот пазар. Но, ќе имаме и препознатлив „минибус“, изјави Диес.

Минибусот бил омилено возило на хипи генерациите и фановите на стара класика, кои со години го чекаа ова возило повторно да се појави на пазарот.

Изгледа дека на чекањето конечно му дојде крај благодарение на новата серија на електрични возила кои го развиваат Фолксвагенот со користењето на MEB платформите.

„Минибусот“, ќе биде вратен како дел од I.D.Buz асортиманот на електричните возила. Концептот дебитираше на саемот за автомобили во Детроит во 2017 година, пренесува, the-daily-llama.com.

Оваа негова изјава е прва официјална потврда дека овој модел повторно ќе иде во производство.

Иако постои потврда дека „минибусот“, се враќа со модерниот изглед, низ електричните возила Фолксваген кои користи MEB платформа, нема да дебатира до 2020 година.

 

Љубителите на овој модел ќе мораат да сочекаат, но кога ќе стигне новиот „минибус“ ќе има опсег од 483 километри со можност за полнење до 80% за помалку од еден час, пренесува Earthables.com.

Scroll to Top