Основци од Аеродром фрлија соученичка низ прозорец

Во Полициската станица Аеродром утрово било пријавено дека на 28 септември годинава четворица малолетници фрлилесоученичка низ прозорец.

Настанот се случил во основно училиште во населбата Аеродром за време на малиот одмор кога четворицата малолетници ја фатиле за нозете и рацете својата 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓала на приземјето и низ него ја фрлиле на земјата, при што девојчето добило повреди.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Scroll to Top