Остатоците од големата кинеска ракета „Лонг марч 5Б“ паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето нејзини делови беа уништени при влегувањето во атмосферата на Земјата.
Делови од ракетата влегоа во атмосферата во 10:24 часот по локално време, објави „Ројтерс“.
Местото на падот на деловите од ракетата било во Индискиот Океан, југозападно од Индија и Шри Ланка, објави кинеската агенција за вселенски летови.
China says remnants of Long March rocket landed in Indian Ocean pic.twitter.com/TxtUSxbXB6
— Newsfirst.lk Sri Lanka (@NewsfirstSL) May 9, 2021
Повеќето остатоци од ракетата изгореа во атмосферата, се додава во соопштението.
Ракетата беше лансирана на 29 април од центарот за вселенски лансирања Венчанг во Кина и нејзината мисија беше да однесе во орбитата модул за идната кинеска вселенска станица. Откако ја заврши мисијата, телото на ракетата неконтролирано кружеше околу Земјата и предизвика загриженост кај експертите околу потенцијалниот удар кога ќе слета, бидејќи тежеше 21 тон.
#BREAKING Chinese rocket segment disintegrates over Arabian Sea: state TV pic.twitter.com/iXq7VJcQu4
— AFP News Agency (@AFP) May 9, 2021