Остатоците од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од големата кинеска ракета „Лонг марч 5Б“ паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето нејзини делови беа уништени при влегувањето во атмосферата на Земјата.

Делови од ракетата влегоа во атмосферата во 10:24 часот по локално време, објави „Ројтерс“.

Местото на падот на деловите од ракетата било во Индискиот Океан, југозападно од Индија и Шри Ланка, објави кинеската агенција за вселенски летови.

Повеќето остатоци од ракетата изгореа во атмосферата, се додава во соопштението.

Ракетата беше лансирана на 29 април од центарот за вселенски лансирања Венчанг во Кина и нејзината мисија беше да однесе во орбитата модул за идната кинеска вселенска станица. Откако ја заврши мисијата, телото на ракетата неконтролирано кружеше околу Земјата и предизвика загриженост кај експертите околу потенцијалниот удар кога ќе слета, бидејќи тежеше 21 тон.

Scroll to Top