Откако се врати од вселената Џеф Безос не е повеќе најбогатиот човек на светот

Џеф Безос повеќе не е најбогатиот човек на светот. Тој за еден ден изгуби речиси 14 милијарди долари, па сега Французинот Бернар Арно, го завзеде првото место на ова листа.

Арно поседува 47% акции во компанијата LVMH, во чија сопственост се познатите брендови како што „Луј Витон“, „Мое Шандон“, „Кристијан Диор“ и „Тифани“, пишува „Форбс“.

По пријавувањето на деловените резултати во вториот квартал, акциите на неговата компанија „Амазон“, паднаа за 7,6%, па така, Безос, како најголем акционер, изгубил околу 13,9 милијарди долари. Тронот сега го превзема познатиот француски бизнисмен.

И покрај тоа што акциите на LVMH паднаа за 1,4%, најбогатиот Европјанин е посиромашен за 2,9 милијарди долари, па оваа недела неговото лично богатство е проценето на 192,9 милијарди долари.

Арно и Безос во мај и во јуни се менуваа на првото место, но, основачот на „Амазон“, во последните 50 дена, беше на врвот. Францускиот милијардер за време на минатата пандемиска година, го зголеми своето богатство за повеќе од 100 милијарди долари.

За потсетување, Џеф Безос неодамна преку неговата компанија „Блу Ориџин“ патуваше во вселената каде остана 11 минути, а потоа безбедно слета на Земјата.

 

Scroll to Top