Откажан јубилејниот „Егзит“

Годинашното 20. јубилејно издание на „Егзит“ нема да се одржи. Ова го објавија организаторите на интернет-страницата на фестивалот, нагласувајќи дека здравствената состојба со короната во земјата не е подобрена, па „Егзит“ ќе се одржи догодина. Тие пред само еден месец најавија дека најголемиот фестивал во Србија и регионот наместо во јули ќе се одржи во август и дека нема да се откажат под ниеден услов.

„Имајќи предвид дека здравјето и безбедноста на сите учесници на фестивалот се наш приоритет број еден, сакаме да ве информираме дека одбележувањето на 20-годишнината од фестивалот ‘Егзит’ дефинитивно нема да се случи од 13 до 16 август годинава на Петроварадинската тврдина“, се вели во известувањето.

Како што се наведува, до крајот на месецов ќе се објават датумите за „Егзит 2021“, а дополнително ќе има известување за враќање на парите од билетите. 

Scroll to Top