Откажан вториот „Вудсток” фестивал

Музичкиот фестивал „Вудсток 50“, што требаше да се одржи од 16 до 18 август по повод 50-годишнината од легендарниот прв фестивал, е откажан поради непредвидени околности, соопштија организаторите.

„Жалам што низа непредвидени пречки го оневозможија одржувањето на фестивалот“, рекол Мајкл Ланг, еден од основачите на „Вудсток“ од 1969 година.

Првите проблеми се појавија кога организаторите не добија дозвола за користење две сцени во Њујорк, по што почна да се намалува приливот на средства. И некои од водечките ѕвезди што беа најавени за овогодишниот спектакл, како што се раперот Џеј-Зи и поп-ѕвездата Мајли Сајрус го откажаа учеството.

Билетите за фестивалот никогаш не беа пуштени во продажба.

Scroll to Top