Откриен разговорот меѓу Ким Џонг-ун и Сиј Џинпинг

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, деновиве беше во ненајавена посета во Пекинг, каде што имал состанок со кинескиот претседател, Сиј Џинпинг.

Како што се наведува, Ким од 25 до 28 март престојувал во Пекинг на своето прво официјално дипломатско патување од преземање на функцијата од 2011 година.

Државните медиуми на двете земји потврдиле дека Ким бил во Кина, како и тоа дека отишол на повик на кинескиот претседател.

Ким изјавил дека е подготвен за денуклеаризација во склоп со волјата на поранешните севернокорејски лидери, јавува агенцијата „Синхуа“.

„Нашата позиција е посветеност на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров во склоп со волјата на поранешните лидери Ким Ли-сунг и Ким Џонг-ил“, изјавил лидерот на Северна Кореја, чија посета на Кина е држена во тајност сè до неговото враќање во Северна Кореја.

Кинеските медиуми ги пренеле снимките на Кин и Сиј, кој им приредил банкет на лидерот на Северна Кореја и неговата сопруга. Ким изјавил дека посетата на Кина била негова задача.

Кинескиот претседател од своја страна, пак, го прифатил повикот да го посети Пјонгјанг.

Официјален Сеул потврдил дека раководството на Јужна Кореја било информирано за состанокот на Ким и Сиј.

Патот на Ким се одвивал во исклучителна тајност и безбедност, а информациите се потврдени откако Ким го напуштил Пекинг со истото оклопно возило кое и првично ги поттикнало шпекулациите во понеделникот кога севернокорејскиот лидер мистериозно пристигнал во главниот град на Кина.

Ким ја посетил Кина на повик на Сиј, и тоа во придружба на сопругата Ри Сол, како и неговите највисоки советници.

Ким наводно му рекол на кинескиот лидер дека е отворен за дијалог со САД вклучувајќи го и потенцијалниот состанок со претседателот Доналд Трамп.

Засега не се знае кога ќе биде одржан состанокот меѓу Ким и Трамп, освен претходните најави дека истиот треба да се случи до крајот на мај.

Посетата на Ким на Кина, претставува враќање во прв план на кинеската дипломатија во решавање на нуклеарното прашање на Северна Кореја, која спровела неколку нуклеарни и балистички проби, а поради што се воведени меѓународни санкции.

САД известени за посетата на Ким на Кина

Кинеската влада го контактирала Вашингтон да ги извести американските официјални лица за посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џон Ун, соопштиле од Белата Куќа.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјавила дека брифингот вклучувал и лична порака на претседателот Сијем до претседателот Трамп, која му е пренесена на претседателот.

Таа не ги навела деталите од пораката.

Севернокорејскиот лидер престојувал во неофицијална посета на Кина од неделата до средата на повик на претседателот Сијем Џинпинг, наведува АП, додавајќи дека станува збор за прва посета на севернокорејскиот лидер од една страна на земјата до стапувањето на должност во 2011 година.

Сандерс истакнала дека САД е во близок контакт со Јужна Кореја и Јапонија и дека најновиот развој на настани го толкуваат како уште еден доказ дека нивната кампања од максимален притисок создава одговарачка клима за дијалог со Северна Кореја.

 

 

Scroll to Top