Бродоломот кој го доживеа Титаник на 14 април 1912 година, по сударот во ледениот брег и потонувањето во Атланскиот океан, е една од најголемите помоски катастрофи.
По откривањето на Титаник на дното на океанот, бил направеен увид и истражување за катастрофата. Потоа биле добиени нови детали за настаните во ноќта на потонувањето.
Во едно од истражувањата била откриена судбината на луѓето во еден од чамците за спасување. Фотографиите кои неодамна биле објавени, со години биле криени од јавноста поради нивната деликатност и почит кон жртвите.
Чамецот „Colapsibl A“, бил последниот кој го напуштил Титаник. Тој не бил спуштен од бродот, туку во општата атмосфера на паника и хаос, бил само фрлен кога Титаник почнал вертикално да тоне. Луѓето очајнички се обидувале да се качат на него, но само четворица успеале во тоа.
Тој дрвен чамец за спасување бил пронајден дури по месец дена, поточно на 13 мај и бил оддалечен околу 200 милји од местото каде Титаник потонал. Го открил бродот RMS Океаник, а сликата која ја затекнале ги шокирала морнарите.
На бродот се наоѓале и полураспаднатите тела на двајца пожарникари од Титаник и тела на еден патник од прва класа Томасон Бити и еден патник од трета класа Едвард Лендла. Тој бил облечен во свечен смокинг, а на дното на чамецот бил пронајден прстен со гравирани зборови „Edvard tu Greda“, последниот останат предмет од брачната двојка која настрадала во несреќата.
Фотографиите од чамецот ќе се најдат на аукција, заедно со страшниот рачно напишан извештај за состојбата на пронајдените жртви. Во извештајот меѓу останатото пишува дека телата на жртвите биле толку распаднати, што раката на еден од нив паднала додека се обиделе да го кренат.