Маж кој не мастурбирал дури 700 дена, вели дека апстиненцијата му дала „супермоќ“, пренесува Индепендент.
Тој е само еден од 200.000 луѓе кои се приклучиле на мрежата „НoFap“, чии членови го отфрлаат самозадоволувањето.
Членовите на заедницата „Redit“ се воздржуваат од гледање на порнографија и мастурбирање во одреден временски период.
Некои ова го гледаат како тест на самоконтрола, а други го користат како обид за лечење на зависност од порнографија.
Во истиот пост, корисникот на Редит, Брохит, вели дека се одрекол од мастурбација но дека потоа станал помирен и почнал појасно да размислува.
Така, другите погодности кои ги приметил е дека има повеќе самопочит и поголема енергија.
Додава и дека постојано глорификањето на сексот, ја замаглил нашата општа перспектива.
„Сега само размислуваме за сексот, за тоа како спиеме со жените кои имаат совршени тела“, напишал тој.
Овој експеримент му помогнал да свати дека има и други опсесии, како што е константното разменување на пораки со жените и користењето на сајтови за запознавање.
„Сеуште се соочувам со истите барања кои ги имав пред 700 дена, но сакам да верувам дека сега се многу посилни. За среќа задоволството доаѓа од внатре. Немојте да се обидувате да ја пополните таа празнина. Таа празнина е тоа што нас не прави луѓе“, напиша тој.
Неговиот пост привлече голем број на корисници и додаде дури 100 коментари. Многумина ја пофалија неговата перспектива.