И додека повеќето жени сакаат да изгледаат помладо и покрај себе да имаат помлад маж, жената на овој презгоден човек, Магда, обожава да биде, како што вели, со „постар маж“.
Павел, на социјалните мрежи познат како „Полски викинг (Polish Viking)“, за порталот „Виртуална Полска“ објасни дека првпат ја бојадисал својата коса пред неколку години затоа што му се допаднал „со-бибер“ изгледот.
Павел е фитнес-модел, првпат почнал да тренира на 16 години и редовно објавувал фотографии на социјалните мрежи, но дури откако ја бојадисал косата, бројот на фанови и обожаватели почнал да се зголемува. Сега на „Инстаграм“ има 335.000 обожаватели.
Некои и го споредуваат со контроверзниот италијански бизнисмен Џанлука Ваки, пренесува „Дејли мејл“.