Пандемијата го претвори тајландскиот туристички рај Пукет во град на духови

By

Локалните танчарки седат во празните барови наредени долж пустите улици, базените се празни, а плажите кои беа преони, се толку тивки, па дури и ретки видови на морски желки доаѓаат да се гнездат.  Лани , Пукет го посетиле над девет милиони туристи, што овој рајски остров го прави втората најпопуларна дестинација во Тајланд, по главниот град Бангкок. Пукет сега се бори со уништувачките последици на пандемијата на коронавирусот: речиси 3.000 хотели се затворени, а главниот град Патонг е град на духови.

Тајланд досега не беше тешко погоден од пандемијата, регистрирајќи околу 3.600 заразени и неколку десетици починати, но одлуката на властите да се сконцентрираат на скротувањето на вирусот брутално се одрази врз економијата и остави милиони луѓе без работа. Во нормални околности, 80% од приходите на островот доаѓаа од туризмот, сектор кој вработува над 300.000 луѓе.

Сопственичката на бар Оратаи Сидел вели дека на врвот на сезоната заработувала 3.200 долари месечно. Сега кога нејзиниот бизнис стана жртва на пандемијата, таа продава колачи од улично возило и заработува три долари на ден.

„Ситуацијата е полоша од онаа после цунамито во 2004 година. Не очекувам враќање во нормала барем три години“, смета аналитичарот Конгсак Копонгсакорн.

Ќе ви се допадне

WCOStream anime websites: Watch Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 2 (https://wcostream.cc/m/AARW/ep-2)

AnimeFreak my hero academia animefreak: Watch Black Clover Episode 160 (https://animefreak.ws/m/x178/ep-160)