Папата Франциско: Жално е ако најбогатите имаат приоритет да ја добијат вакцината за корона

Папата Франциско е против тоа богатите да добијат приоритет при вакцинацијата против коронавирусот. Тој смета дека на тој начин се прави неправда и деградација на останатото светско население.

„Пандемијата е криза. Ние мора да излеземе од неа како подобри луѓе“, рече папата за време на својата неделна јавна аудиенција. Тој рече и дека по пандемијата со Ковид-19, животот нема да се врати во старата нормалност, особено ако таа нормалност значи социјална неправда и деградација на природното опкружување.

„Колку би било жално ако приоритет за добивање на вакцината им се даде на најбогатите“, рече папата. Тој додаде дека би било скандалозно целата економска помош, главно преку употреба на јавни средства, да заврши со заживување на индустриите што не им помагаат на сиромашните, пренесува „Асошиејтед прес“.

Scroll to Top