Парламентот во Украина донесе закон со кој граѓаните слободно можат да носат оружје

Парламентот во Украина усвои денес во првото читање нацрт-закон со кој на граѓаните им со дозволува слободно да носат огнено оружје. Усвојувањето на овој закон е во целосен интерес на државата и општеството, рекоа авторите на нацрт законот, а пренесе „Ројтерс“.

Тие ќе можат да реагираат во самоодбрана ако некој ги нападне, објаснија тие и тврдат дека овој закон е потребен поради опасноста и заканите со кои се соочуваат граѓаните на Укаина. Земјата денес почна и со регрутација на припадници на резервните одбранбени сили.

Се регрутираат лица на возраст од 18 до 60 години. Претседателот Володимир Зеленски донесе ваков указ откако неговиот руски колега Владимир Путин ги призна самопрогласените републики Доњецк и Луганск на истокот на Украина и одобри испраќање на руки трупи во овие области.

 

Scroll to Top