„Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети победник на конкурсот за драмски текст

„Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети е прогласен за победник на „Конкурсот за драмски текст“ кој беше распишан од „Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија“ и „Драмски театар – Скопје“.

„Драмскиот текст „Патот на Баба Јага“ е избран за најдобар, од сите останати текстови пристигнати на конкурсот. Овој текст во себе содржи најмногу елементи  и квалитети кои ги форсира и во иднина ќе инсистира на нив „Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија. „Се издвојува од другите, пред се по тоа што има квалитетно изработени драмски ситуации, има добро изградени карактери, и особено е битно што во себе ги има сите занатски (драматуршки) елементи кој еден вистински драмски текст мора да ги има во себе, и истите се направени на добар и квалитетен начин. За овој текст е исто така карактеристично што во себе има надградено една едукативна  нитка и носи јака современа порака, што е важно за публиката на која се обраќа текстот, а тоа се децата. Значи се работи за драмски текст напишан за деца, кој по нас е исто така квалитет плус, бидејки сметаме дека оваа публика е мошне значајната, на која современите драмски писатели мора што по често да и обрнуваат внимание. Образложението на жири-комисијата – во целост ќе биде прочитано на денот на  -“Јавното читање„ на наградениот текст. Јавното читање на текстот ќе се одржи во „Драмски театар – Скопје“.  По јавното читање на наградениот текст ќе се отвори јавна дебата, на која ќе се зборува за состојбата на македонската драматургија, како и за целите и правците на делување на „Здружението“, во правец на подобрување на моменталната состојба со македонската драма“, велат од „Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија.“.

Scroll to Top