Пендаровски со младите од „Трисомија 21“ ја накитија елката во неговата канцеларија

Претседателот Стево Пендаровски, неговата сопруга Бети и децата и младите од „Трисомија 21“ утринава ја украсија елката во канцеларијата на претседателот.

„Матеј, Василиј, Тихон, Наума, Христо, Марио, Стефан, Ана -Марија, Дарко, Јована, Елена, Цако, Илина, Ники, Игор, Ива и Денис со мене и сопругата Бети ја украсија новогодишната елка во #МладиХаб- Канцеларија на претседател. Заедно со Кристијан се обидовме да им ја доловиме магијата на претстојните празници на децата и младите од дневниот центар за Даунов синдром „Трисомија 21“. Празниците може да почнат, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.

Scroll to Top