Софи Симондс од Шкотска, својата свадба, како и сите други ќе ја памети до крајот на својот живот, но не како најсреќниот ден. Барем не до моментот кога пијан морнар им упаднал на забавата и почнал да се однесува недолично. Тој почнал да ги навредува гостите да ги плука во чашите со алкохол, да ја пипка невестата и на крајот да уринира по вратите.
Офицерот на кралската морнарица Глен Оконор (32), пристингал во хотел во кој се одржувала венчаквата, за да го гледа фудбалски натпревар. Но, кога на полицата од барот снемало виски, иако тој веќе испил премногу, Оконор се упатил кон салата каде се одржувало венчавањето.
Latest: Drunk Royal Navy sailor gate-crashed wedding, groped bride then urinated in front of guests https://t.co/2UQ9SEHEVp via @MetroUK
— The Page (@_ThePage) March 30, 2018
Најпрво го прекинал разговорот меѓу невестата и нејзината свекрва, обидувајќи се да ја бакне за рака. Потоа ја ставил раката на нејзиниот грб, а потоа ја допирал по задникот. Невестата веднаш се обидела да се оттргне, а супервизорот на хотелот, го замолил непоканетиот гостин да си замине.
Тогаш, на запрепастување на сите гости, морнарот почнал да урнира по хотелските врати. Во меѓувреме решил и да ги навредува гостите, да им плука во чашите и во лице, а кога излегол надвор, се соблекол пред сите и уринирал на паркингот.
Тој на судот му изјавил дека го признава своето агресивно, непристојно и нападно однесување, со обидот прво да ја бакне раката на невестата а потоа и тоа што ја допирал за задникот.
Се изјаснил како виновен и за уринирањето и плукањето внатре во просториите на хотелот, а судмот за ваквите дела го казнил со парична сума од 700 фунти. Исто така ќе се соочи и со дисциплинска постапка во Кралската морнарица.