Пијан возач удрил во директорот на скопската Зоолошка, Ѓорѓи Галетановски

Утринава, директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, имал сообраќајна незгода кога во него удрил пијан возач кај Универзалната сала. Тој бил пренесен на Клиника со мали повреди, а на „Фејсбук“ напиша дека е добар. Додаде и дека нема да го тужи возачот што удрил во него.

„Другари, добро сум, да не ме мислите. Ви благодарам на сите. Утринава имав сообраќајна несреќа кога пред Универзалната сала од споредна улица со брзина од 90 км на час во мене удри возило управувано од шофер во алхохолизирана состојба. Ја причекав полицијата, направи увид и отидов на Клиника. Имам повреди, но, за среќа, добро сум. Нема да го тужам приватно дечкото, само ќе порачам возачите да внимаваат и да не возат кога пијат алхохол бидејќи го загрозуваат и својот, но и туѓите животи“, напиша Галетановски.

Scroll to Top