Писта го пресекува главниот пат, а кога ќе се спушти рампата настанува хаос

Аеродромот Гибралтар или Северен Фронт, е еден од специфичните, со оглед на тоа што неговата писта го пресекува локалниот пат. Пистата долга 1800 метри се наоѓа покрај најпрометниот градски пат, Авенија Винстон Черчил, која при секое полетување или слетување на авионот, таа се затвора, на начин на кој што се спуштаат рампите, нешто слично како на премините преку шините.

Во тие случаеви се создава голема сообраќајна гужва, затоа што рампата може да биде спуштена и до два часа.

Аеродромот Гибралтар е направен преку улица затоа што фалело рамен простор, со оглед на тоа дека се наоѓа на мал полуостров кој има површина од само 6.8 километри квадратни.

Норт Фронт аеродромот за среќа не е прометен, и има само околу 30 слетувања и полетувања неделно, и сите тие се или од или до Велика Британија.

 

Поради безбедноста на патниците, како на оние во авионот, така и на оние на патиштата, постојат бројни безбедносни мерки, почнувајќи од рампата, преку сообраќајните знаци за предупредување, како и натписите на кои пишува да не се фрлаат отпадоци на делот од патот кој ја пресекува авионската писта.

„Сега преминувате преку акивна писта. Фрлањето отпад може да доведе до фателен инцидент. Сетете се дека еден ден вие можете да бидете во тој авион“, стои на предупредувањето.

За да сообраќајот полесно функционира, постојат планови за изградба на тунели со четири сообраќајни ленти, кои би минувале под пистата. Тие постоеле од 2007 година, а тунелот требало да биде готов до 2009 година, но градбите и понатаму траат.

Тунелите најмногу би им користеле на локалното население, кое брза да стигне во градот кој е оддалечен околу 460 метри.

 

Scroll to Top