Пит Бутиџиг: Америка и пред мене имала геј за претседател

Еден од кандидатите на престојните избори за претседател на САД ќе биде Пит Бутиџиг. Ако Бутиџиг стане претседател на Америка, тоа значи дека земјата не само што ќе го добие најмладиот претседател во историјата, туку и првиот претседател кој отворено признал дека е хомосексуалец.

Пит не се согласува со ова тврдење и вели дека и пред него имало претседатели хомосексуалци кои јавно не ја декларирале својата сексуалност. Тој во интервју за телевизискиот канал HBO одговорил на критиките дека е премногу млад, либерален и премногу геј, за да стане прв човек на државата.

„Луѓето ќе бираат личност за која ќе сметаат дека ќе им биде најдобар претседател. И досега сме имале одлични претседатели кои биле млади и либерални. Претпоставувам дека сме имале и одлични претседатели кои биле хомосексуалци“, одговорил Бутиџиг.

 

Scroll to Top