Пиво за 50 и топка сладолед за 40 денари: Хрватска доби најевтина плажа годинава

By

Aко изминатите години Хрватска важеше за една од поскапите туристички земји, тоа го промени здравствената криза.

Медиумот „Глас Истре“ објавија дека ја пронашле најевтината плажа на јадранското приморје годинава. Станува збор за плажата на хотелот Дуга Увала на источната обала на Истра.

За да ги привлечат гостите во оваа тешка сезона, менаџментот на хотелот кој се наоѓа во близина на плажата, решил годинава да понуди доста попристапно мени. Топка сладолед чини 40 денари. (Обично е и до 100 денари) За мало пиво треба да одвоите 50 денари, а за големо 80. И соковите се продаваат колку и сладоледот, а свежо цедените сокови и палачинките, пак, 80 денари.

Порција свежи сардини тука чини само 170 денари, а првпат бесплатно е користењето на голема трамполина.
А на само неколку метри подалеку, пишува Глас Истре, на истата плажа има друг концесионер, и таму цените се три пати повисоки.

Ќе ви се допадне