Плишани палта се во мода оваа зима

Плишаните палта и капути се моден хит оваа зима, велат светските стилисти. Тие порепорачуваат класични палта од плиш, капути до колена, палта во комбинација со плишани панталони или сукњи, за дневни или за вечерни излегувања. Плишаните палта одлично се комбинираат со бела кошула, со проѕирна блуза, со фармерки, чизми или со салонки на висока потпетица. Бојата на плишаните палта зависи од вкусот, но оваа сезона најмодерни се зелената, црната, виолетовата и жолтата.

 

Scroll to Top