По 17 дена мајката – кит го напушти мртвото бебе

Женката на китотот-убиец орка престанала да го носи своето мртво бебе по 17 дена, откако со него поминала 1.600 километри и со ова таа поставила рекорд. Научниците ја следеле женката кит од островот Ванкувер во Канада.

„Нејзината тажна турнеја заврши и сега се однесува исклучително енергично“, велат научниците од канадскиот Центар за истражување китови. „Позната е појавата китовите да ги носат своите мртви бебиња на грбот, но оваа женка, позната под името Ј35, постави рекорд“, додаваат.

Првпат оваа женка била документирана како го носи своето бебе во близина на брегот на Канада на 24 јули.

И во Канада и во САД се согласуваат дека китовите-убијци од видот орка се на прагот на изумирање. Ова најмногу се должи на нивната зависност од одреден вид лосос кој најмногу го јадат, чиј број последните години е во драстичен пад.

Scroll to Top