По 25 години, албум на рок-бендот „Квин“ повторно се најде на првото место на британската топ-листа. Тие овој пат се први со нивниот концертен албум Live Around World. Ова е десетти албум на „Квин“ кој е на прво место во Британија, но прв со американскиот пејач Адам Ламберт, кој се приклучи на бендот во 2011 година.
„Ламберт првпат настапи со Тејлор и гитаристот Брајан Меј во 2009 година, кога беше финалист на осмата сезона на ‘Американски идол’. Две години подоцна тие почнаа да настапуваат заедно на концерти. Оттогаш, Квин и Адам Ламберт се едни од најбараните изведувачи во светот“, пишува „Билборд“.
Албумот вклучува хитови како Don’t Stop Me Now, Radio Ga Ga, We Will Rock You и We Are The Champions, изведени на концерти ширум светот. Албумот беше објавен како благодарност до обожавателите поради откажаната турнејаа во 2020 година поради пандемијата со коронавирусот.