По 40 години, откриле дека ги замениле како бебиња

Две Русинки, дури по 40 години, ја откриле страшната вистина за своето потекло.

Тие дознале дека советските доктори ги замениле за време на нивното раѓање во 70-тите години од минатиот век.

Вероника Шеветсова и Тања Савелева, двете 39-годишните девојки од Позва, велат дека нивните мајки отсекогаш се сомневале дека нешто не е во ред, а на крајот ДНК-анализата тоа и го потврдила.

Додека едната пораснала со татко што ја разгалил со љубов, другиот татко се обидел да го убие другото девојче.

Таткото Шеветстов бил убеден дека сопругата со име Рима го изневерила и дека Вероника, која не личела на нив, е плод на афера. Затоа се обидел да ја задуши кога имала само 10 години. По тој инцидент, Анатолиј и Рима се развеле.

 

Савалева, од друга страна, пораснала како сакана ќерка на полицаец, а сега е многу несреќна кога дознала дека тој не е нејзиниот биолошки татко.

„Во шок сум како и моето семејство. Ги имам само моите родители. Никого повеќе. Многу ги сакам како и тие мене. Моето дете веќе има баба и дедо. Не разбирам како ова можеше да се случи“, изјави таа.

Тој 7 март 1978 година во болницата во Позва се породиле само четири жени, но бебињата не биле обележани. Рима Шеветсова барала веднаш да го види лицето на своето бебе затоа што се плашела дека ќе има белег како постарата ќерка. Се сетила дека бебето немало таков белег.

Се сетила дека во еден момент ѝ донеле погрешно бебе на доење и дека ја заменилe со мајката што своето бебе го родила во воз. Кога ја однеле Вероника дома, сопругот Анатолиј го забележал малиот белег и гневно ја прашал: „Ми рече дека нема никаков белег. Зошто ме измами?“

Во првите осум месеци Вероника имала руса коса и сини очи, а и двајцата нејзини родители имале темна коса и темни очи. Анатолиј поради тоа бил убеден дека жена му била неверна.

Рекла дека по една година од породувањето, отишла кај Јулија Савелеава и ѝ рекла дека нејзината Тања неверојатно личи на постарата ќерка. Сепак, тогаш немало тестирања за ДНК за да може да се потврди родителството. Биле потребни речиси 40 години за двете мајки и нивните ќерки да ја дознаат болната вистина.

„Рима дојде кај мене и ми рече дека верува оти ни ги замениле ќерките во породилиштето. Но, не сакав да се одречам од Тања. Мојот сопруг ја обожаваше. Како можев да се одречам од своето дете кое веќе беше големо и се смееше? Не можев“, изјавила Јулија и додала дека ѝ било многу тешко да верува оти лекарите можеле да направат таква грешка.

Неколку години подоцна, кога девојките тргнале на училиште, и Јулија почнала да се сомнева. Ги споредувала нивните фотографии и вели дека сите на кои им ги покажала ѝ велеле дека многу веројатно е да биле заменети. Вероника се присетила дека на 11 години ја прашала мајка си зошто не си личат.

Тогаш како на шега рече – „веројатно ме замениле во болница“, се присетува мајка ѝ.

Неколку години откако Вероника се омажила, таа ја посетила Јулија, својата биолошка мајка.

„Сè во мене тогаш потона. Се прегрнавме. А потоа само седевме и молчевме. Не ни беше потребен ДНК-тест за да ја откриеме вистината. Ѝ ги покажав на Тања сликите и ѝ реков дека неверојатно личи на тетка ѝ“, изјавила Јулија.

Четирите жени тогаш ги направиле ДНК-анализите. Поради тоа што случајот застарел, не можело кривично да се гонат лекарите што до тој ден ја направиле грешката. Сепак, адвокатот што ги претставува овие четири жртви се обидува да добие отштета на суд.

И двете жени имаат по две деца. Вероника работи како инспектор во една фабрика и среќно е омажена, а Тања е разведена. За децата се грижат родителите на нејзиниот поранешен сопруг затоа што таа поради болеста, не може да работи и да се грижи за нив.

 

 

Scroll to Top