По девет месеци денеска од Клиниката за детски болести си замина 4 годишната Ајше која успешно беше излекувана од акутна леукемија. Директорката на Клиниката, проф. д-р Аспазија Софијанова, нагласи дека лекувањето завршило без никакви последици.
„Со среќата на децата, започнува и среќата на возрасните“, рече Софијанова и додаде дека ѝ е драго што девојчето по ударот во ѕвонот може да си замине дома.
„Ни беше драго што лекувањето за девојчето заврши без никакви последици и што таа можеше да го чукне ѕвончето. Тоа значи дека среќата кај децата мораме да ја поддржуваме и почитуваме, а оттука почнува и среќата на возрасните“, рече Софијанова.
На Клиниката за детски болести има 20 деца со леукемија.
Фото: Министерство за здравство