Тело на дваесет и петгодишна девојка е пронајдено во автомобил кога претходно по сообраќајната несреќа, се запалил на автопат во Бруклин во петокот утрото, соопшти полицијата. Се верува дека возилото го управувал маж со кого девојката се забавувала. Тој по несреќата го напуштил возилото и ја оставил да изгори до смрт.
Автомобилот е пронајден на источната страна на западната лента меѓу Хамилтон авенијата и Проспект експресвеј, по 4 часот утрото.
Возилото „2007 инфинити Г-35“ било целосно изгорено.
Кога пожарникарите го изгаснале огнот, на седиштето го откриле изгореното женско тело.
Подоцна била идентификувана како Харлин Гревал (25) од Асторија, пренесува abc7ny.com.
Возачот Саед Ахмед (23) подоцна бил пронајден во болница каде што му биле санирани изгорениците на вратот, рацете и на нозете. Тој наводно со такси го напуштил местото на несреќата, го запрел додека во возилото горела неговата девојка.