По операцијата, папата останува во болница

Папата Франциско имаше операцијата на дебелото црево и ќе остане некое време во болница. Тој е во добра здравствена состојба и се очекува да излезе за една недела, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, пренесе дека тој бил опериран во болницата „Џемели“ во Рим.

„Папата Франциско е во добра состојба и може сам да дише. Вечерта на 4 јули тој имаше операција на левата хемиколектомија поради дивертикуларна стеноза, што траеше околу 3 часа. Ако нема компликации, се очекува да остане во болницата околу 7 дена“.

Во меѓувреме, италијанскиот премиер Марио Драги на духовниот водач му испрати порака за побрзо оздравување.

 

Scroll to Top