По победата на ракот Сара Томас стана првиот човек кој четири пати непрекинато го преплива Ла Манш

Триесет и седумгодишната Американка Сара Томас стана првиот човек кој успеал четири пати непрекинато да го преплива каналот Ла Манш. Томас својот успех го почнала во раните утрински часови во неделата.

Таа минала 54 часа во водата. Сара требала да плива околу 130 километри, но заради ветерот и морската струја ја менувала патеката на движење и препливала скоро 210 километри. Нејзините пријатели велат дека нејзиниот подвиг дополнително добива на значење откако пред една година успеала да ја победи тешката болест. Томас се излечила од рак на дојката.

„Ова е вистински триумф, таа ги тестираше границите на издржливост. Ова е неверојатно, апсолутно инспирирачки. На крајот, сите бевме многу емотивни“, изјави официјалниот набљудувач Кевин Марфи.

Томас и претходно го препливала Ла Манш, во 2012 и 2016 година. Пред неа само тројца пливачи успеале трипати непрекинато да го препливаат каналот.

https://www.instagram.com/p/B2gSaklJjWl/?utm_source=ig_embed

Scroll to Top