По разводот со Бил Гејтс, Мелинда ќе стане втората најбогата жена во светот

By

Мелинда Гејтс, откако ќе се официјализира разводот со Бил Гејтс, би можела да стане втората најбогата жена на светот.  Нејзиното богатство во моментов е проценето на 73 милијарди долари.

Пред неа се наоѓа само Франсоаз Бетанкур Мејер, 67-годишната основачка на L’Oreala, чие наследство се проценува на околу 83 милијарди долари.

Во молбата за развод која Мелинда ја поднела во понеделникот, таа напишала дека бракот со Бил Гејтс е завршена работа. Таа се обратила до судот за да го поделат заедничкото богатство, кое во моментов се проценува на 146 милијарди долари.

Бил и Мелинда се венчале во 1994 година. Двајцата немаат потпишано предбрачен договор, а според законот во американската сојузна држава Вашингтон, се очекува имотот да се рапредели рамноправно.

Според листатана „Блумберг“, Бил Гејтс во моментов е четвртиот најбогат човек на светот, чие богатство се проценува на околу 146 милијарди долари. Тој ќе останеше најбогатиот човек на светот, ако не донирал околу 40 милијарди долари во добротворни цели низ нивната фондација.

Најголем дел од богатството Бил Гејтс го заработи преку компанијата „Мајкрософт“, компанија која ја основал во 70-тите години од минатиот век, а која прерасна во најголемата светска софтверска компанија.

Се верува дека Бил и Мелинда Гејтс имаат недвижности вредни повеќе од милиони долари во Вашингтон, Флорида и Вајоминг. Нивното главно живеалиште е летниковецот на езеро во државата Вашингтон, за кое се верува дека вреди 127 милиони долари.

Разводот го доведе во прашање и опстанокот на нивната заедничка фондација „Бил и Мелинда Гејтс“. Иако и двајцата најавија дека ќе соработуваат во фондацијата и по разводот, некои експерти се сомневаат и тврдат дека двајцата ќе имаат различни размислувања и ставови.

Тоа би можело значително да влијае на иднината и насоката на оваа добротворна организација, пишува „Гардијан“. И двајцата ангажирале по три адвокати кои ќе ги застапуваат за време на бракоразводната постапка. Некои од тие адвокати веќе работеле на разводот на Џеф Безос.

Меѓу адвокатите на Мелинда се наоѓа и Роберт Коен, човекот кој работел за Ивана Трамп, Мајкл Блумберг и Крис Рок. И Бил во меѓувреме ангажирал три адвокати од Лод Анџелес. Тед Билби е еден од неговите клучни адвокати во овој случај. Тој претходно ја застапувал Мекензи Скот.

Мекензи е поранешната сопруга на Џеф Безос, најбогатиот човек на планетата. Адвокатката Шери Андерсон, која е во тимот на Мелинда, претходно го застапувала Безос.

Ќе ви се допадне

AnimeFreak animefreak site: One Punch Man Episode 12

4Anime heroes rising 4anime: Attack on Titan Final Season (https://4anime.biz/m/8VEB) Episode 16