Почина 19-годишен тиктокер кој беше застрелан во кино

Ентони Барахас (19), популарниот тиктокер од САД, почина во болница пет дена откако беше застрелан во главата во кино во Калифорнија. Неговата девојка Рејчел Гудрич (18) со која бил во кино, исто така беше застрелана во главата и почина на лице место, соопштија американските медиуми.

Во времето на нападот, киното било речиси празно, а застреланите тинејџери биле пронајдени дури откако завршила проекцијата на филмот.

Полицијата еден ден по пукањето го уапсила Џими Хименез (20) и кај него го пронашла пиштолот од кој пукал. Властите велат дека станува збор за „случаен и неиспровоциран напад“, бидејќи напаѓачот не ги знаел ниту Ентони, ниту Рајчел.

Полицијата ги пронашла парите и другите лични работи на Рејчел во куќата на Хименез, 24 часа по пукањето. Тој е осомничен за убиство, обид за убиство и разбојништво. Обвинението за обид за убиство ќе се смени во кривично дело убиство, бидејќи и миленикот на ток-ток почина.

Обвинителите за американските медиуми изјавиле дека постојат посебни околности бидејќи Хименез чекал да го изврши делото, па затоа може да биде осуден и на смртна казна.

Според извор близок до полициската истрага, Хименез им рекол на детективите дека слушнал гласови што го натерале да пука.

Таткото на Рејчел, Дејвид, за „Дејли Мејл“ рекол дека Хименез само се обидува да одглуми лудило за да добие помала казна, но дека украдениот паричник покажува дека тој знаел што прави кога убил двајца тинејџери.

@itsanthonymichaelHad to hit the slowed version @mariapaulinarm #fypシ #dance #viral 📸: @imryanschmidt

♬ Bartender Slowed – Kuya Magik

Scroll to Top