Почина актерот Питер Робинс кој го позајмуваше гласот за Чарли Браун

Актерот Питер Робинс, кој го позајмуваше гласот на Чарли Браун, почина на 65 години. Неговото семејство ја потврди веста. Тие за американските медиуми изјавиле дека причината за смртта е самоубиство, а дека Робинс починал минатата недела.

Робинс имал биполарно нарушување. Тој поминал во затвор пет години откако бил осуден поради закани кон повеќе лица.

Кариерата ја започнал како дете во 1963 година.

Scroll to Top