Почина Ашанти Смит, 18-годишна тинејџерка заробена во тело на 144-годишна старица

Почина Ашанти Елиот Смит (18), која страдаше од синдромот HGPS или Хачинсон-Гилфорд прогерија, познат и како Бенџамин Батон-синдром, пишуваат странските медиуми. Лекарите ѝ предвидува живот до нејзиниот 15-роденден поради тоа што нејзиното тело беше на возраст на 144-годишник.

Болеста на Ашанти е исклучително редок синдром, односно таа старееше неконтролирано, поточно осум години за секоја година од нејзиниот живот. Тој се јавува еднаш во 20 милиони случаи, се смета дека има околу 400 деца што ја делат истата судбина.

„Ашанти почина покрај мене, татко ѝ и наша блиска пријателка“. „Мораш да ме пуштиш“, беше последното нешто што ми го кажа Ашанти пред да почине“, изјавила мајка ѝ Фиби Луис Смит.

Фиби изјавила дека погребот ќе биде организиран со многу бели коњи, пердуви и знамиња во боите на виножитото.

„Нејзиниот живот беше чиста радост. Прогеријата влијаеше на нејзината подвижност, но не и на радоста на животот. Ја обожавав, таа беше брилијантна и со неверојатен дух“, изјавила мајка ѝ.

Од декември лани Меѓународниот регистар на прогерија на Фондацијата за истражување прогерија идентификува вкупно 131 дете и млади возрасни лица што живеат со прогерија во светот.

Scroll to Top