Почина глумицата Мери Пет Глисон

Актерката Мери Пет Глисон почина вчера на 70 години. Веста за нејзината смрт е објавена на нејзината официјална фејсбук-страница.

Иако никогаш немала главна улога, Глисон е позната по улогите во над 100 серии и триесетина филмови. Во кариерата долга 40 години, таа глумеше во „Сексот и градот“, „Очајни домаќинки“, „Вил и Грејс“, „Итна служба“, „Вовед во анатомија“, „Црна листа“ и други. Нејзина последна улога е во комедијата „Мама“, каде што го глумеше ликот на Мери.

 

Scroll to Top