На 83 години почина Хари Рид, поранешен лидер на демократското мнозинство во американскиот Сенат и член на Конгресот од Невада со најдолг стаж. Тој почина во вторникот, опкружен со пријателите, дома во предградието на Хендерсон, по храбра, четиригодишна битка со ракот на панкреасот, соопшти неговата сопруга Ландре Рид.
Рид, кој од боксер стана адвокат, беше лидер на мнозинството во Сенатот од 2007 до 2015 година. Тој беше истакнат политичар на крајот на мандатот на Џорџ Буш и во два мандата на Барак Обама.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека во текот на двете децении што ги поминале заедно во Конгресот и осум години заедничка работа додека беше потпретседател, Рид отсекогаш бил човек од збор.
„Ако Хари речеше дека ќе направи нешто, тој тоа го правеше. Ако дадеше збор, можевте да сметате на тоа. Така тој работеше за доброто на земјата со децении”, соопшти тој.
Рид замина во пензија во 2016 година, откако го загуби видот на едното око, а две години подоцна му беше дијагностициран рак на панкреасот.
Од пред неполни две недели, тамошните власти го преименуваа меѓународниот аеродром во Лас Вегас е именуван по него, кој од 1948 година се викаше аеродром Мекаран, по поранешниот американски сенатор од Невада, Пит Мекаран.