Почина лекарот што го исклучи Тито од апаратите

Денеска, на 92-годишна возраст во Белград почина доктор Предраг Лалевиќ, хирург и анестезолог кој на 4 мај 1980 година го исклучи Јосип Броз Тито од апаратите што го одржуваа во живот. Тито претходно 68 дена бил приклучен на апарати, а храната ја добивал преку инфузија.

„Ни на шега не смее да се каже дека јас сум го убил. Десет минути пред тоа беше мртов. Му немаше спас. Јас само го исклучив од апаратот кој го одржуваше во живот“, рекол одамна во интервју за српските медиуми, Лалевиќ.

Лалевиќ 16 години беше личен лекар на доживотниот претседател на СФРЈ и со него бил на 106 патувања. Познатиот лекар е роден 1927 година во Пеќ. Во Србија го нарекуваат „татко на анестезиологијата“. Добитник е на повеќе од 30 признанија од областа на медицината.

Scroll to Top